Favor.it EC 540 SFT User manual

Самостоен шпорет / Упатство за корисници
МК
EC 540 SFT
EC 540 WWFT
Free Standing Cooker / User Manual
EN
SQ Stufë e pavarur/Doracak i përdorimit
SR Samostojeći šporet / Uputstvo za upotrebu

МК - 2
Ризик од сериозна повреда или смрт
Ризик од опасен напон
Предупредување; Ризик од пожар / запаливи материјали
Ризик од повреда или оштетување на имот
Правилно ракување со системот
Ова Упатство за корисници содржи важни безбедносни информации и упатства за
работа со и одржување на Вашиот апарат.
Ви препорачуваме да го прочитате ова Упатство за корисници пред да го користите
Вашиот апарат и да го чувате упатството за понатамошна употреба.

1.БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ............................................................................................ 4
1.1 Општи безбедносни предупредувања......................................................................... 4
1.2 Предупредувања за монтирање .................................................................................. 7
1.3 Во текот на употребата ................................................................................................. 8
1.4 Во текот на чистењето и одржувањето ....................................................................... 9
2.МОНТИРАЊЕ И ПОДГОТОВКА ЗА УПОТРЕБА ...........................................................11
2.1 Упатства за инсталатер ...............................................................................................11
2.2 Електрично поврзување и безбедност ...................................................................... 12
2.3 Комплет против закосување ...................................................................................... 13
2.4 Приспособување на ногалките .................................................................................. 13
3.КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРОИЗВОДОТ ........................................................................ 14
4.УПОТРЕБА НА ПРОИЗВОДОТ ..................................................................................... 15
4.1 Контроли на плочата .................................................................................................. 15
4.2 Контроли на рерната .................................................................................................. 15
4.3 Маса за готвење ......................................................................................................... 16
4.4 Додатоци ..................................................................................................................... 16
5.ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ .......................................................................................... 17
5.1 Чистење ....................................................................................................................... 17
5.2 Одржување .................................................................................................................. 18
6.РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ И ТРАНСПОРТ.................................................................... 19
6.1 Решавање проблеми .................................................................................................. 19
6.2 Транспорт .................................................................................................................... 19
7.ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ ...................................................................................... 20
7.1 Енергија ....................................................................................................................... 20

МК - 4
• Пред употреба на апаратот внимателно
прочитајте ги овие упатства и чувајте ги на
соодветно место за да ги прочитате кога ќе има
потреба.
• Овој прирачник е изготвен за повеќе модели,
затоа Вашиот апарат можеби нема да има некоја
од опишаните карактеристики. Од таа причина,
важно е да обрнете посебно внимание на
сликите додека го читате прирачникот.
• Овој апарат може да го користат деца на и над
возраст од 8 години, како и лица со намалена
физичка, сетилна или ментална способност или
со недостиг на искуство и познавање, ако се под
надзор и се упатени за користење на апаратот на
безбеден начин, и ги разбираат потенцијалните
опасности. Деца не смеат да си играат со
апаратот. Деца без надзор не смеат да го чистат
или одржуваат апаратот.
Апаратот и достапните
делови се вжештуваат во текот на употребата.
Треба да внимавате да не ги допирате елементите
кои се загреваат. Деца помали од 8 години треба
да се држат настрана освен ако не се под постојан
надзор.
Готвење на плочата со
маст или масло и без надзор може да биде опасно
и да предизвика пожар. НИКОГАШ не обидувајте
се да изгаснете таков оган со вода, туку исклучете
го апаратот и покријте го пламенот со капак или
противпожарно ќебе.

МК - 5
Готвењето треба да се врши под
надзор. Краткотрајното готвење треба да биде под
постојан надзор.
Опасност од пожар: Не
ставајте предмети на површините за готвење.
Ако површината е
напукната, исклучете го апаратот за да ја избегнете
можноста од електричен удар.
• За моделите кои вклучуваат капак за плочата,
исчистете ги сите истурања на храна од капакот
пред употреба и оставете го шпоретот да се
излади пред да го затворите капакот.
• Не ракувајте со апаратот со надворешен тајмер
или посебен систем за далечинска контрола.
За апаратот да биде
стабилен, треба да се
монтираат држачи. (За
детални информации,
погледнете во водичот од комплетот против
закосување.)
• Апаратот ќе се загрее во текот на употребата.
Треба да внимавате да не ги допирате
елементите во рерната кои се загреваат.
• Во текот на употребата, рачките може да се
вжештат за краток временски период.
• Не употребувајте јаки абразивни чистачи или
жици за чистење на површините во рерната. Тие
може да ги изгребат површините што може да
резултира со кршење на стаклото на вратата или
оштетување на површините.

МК - 6
• Не користете чистачи на пареа за чистење на
апаратот.
Пред да ја менувате
светилката проверете дали апаратот е исклучен за
да избегнете можност од електрични удари.
Кога готвите или печете,
достапните делови може да бидат жешки. Кога го
користите апаратот, малите деца треба да бидат
понастрана од него.
• Производот е произведен во согласност со сите
важечки локални и меѓународни стандарди и
прописи.
• Одржување и поправка на апаратот треба да
вршат само овластени техничари. Монтирањето
и поправките што ги вршат неовластени
техничари може да бидат опасни. Не менувајте
ги спецификациите за производот на кој било
начин. Несоодветните штитници за плоча може
да предизвикаат незгоди.
• Пред поврзување на уредот, проверете дали
локалните услови на дистрибуцијата (природата
и притисокот на плинот или напонот на струјата и
фреквенцијата) и спецификациите за производот
се компатибилни. Спецификациите за овој
апарат се наведени на етикетата.
Овој апарат е дизајниран само за
готвење храна и е наменет само за внатрешна
употреба во домаќинствата. Не треба да се
користи за ниедна друга цел или со никаква друга
примена, како што е употреба во надворешни
услови, во комерцијална средина или за загревање
на просторија.
• Рачките на вратата на рерната не треба да ги
користите за кревање или местење на апаратот.

МК - 7
• Сите можни безбедносни мерки се преземени
за Ваша безбедност. Бидејќи стаклото може да
се скрши, треба да бидете внимателни додека
чистите за да избегнете гребење. Избегнувајте
да го удирате или чукате стаклото со предмети.
• Внимавајте да не го заглавите или оштетите
кабелот за напојување за време на монтирањето.
Ако кабелот за напојување е оштетен, мора да
биде заменет од производителот, негов сервисер
или слични квалификувани лица, со цел да се
спречи опасност.
• Не дозволувајте им на децата да се качуваат
на вратата од рерната или да седнуваат на неа
додека е отворена.
• Чувајте ги децата и животните понастрана од
овој апарат.
• Не ракувајте со апаратот пред целосно да биде
монтиран.
• Апаратот мора да биде монтиран од овластен
техничар. Производителот не е одговорен за
никакви оштетувања што се предизвикани од
погрешно поставување и монтирање на апаратот
од страна на неовластени лица.
• Кога ќе го отпакувате апаратот, проверете дали
е оштетен при транспортот. Во случај на дефект,
не користете го апаратот и веднаш контактирајте
со квалификуван сервисер. Материјалите кои
се користени за пакување (најлон, спојувалки,
полистирен итн.) може да бидат штетни за
децата и истите треба веднаш да се соберат и
фрлат.
• Заштитете го апаратот од надворешната

МК - 8
средина. Не изложувајте го на сонце, дожд, снег,
прашина или прекумерна влажност.
• Материјалите околу апаратот (т.е. плакарите)
треба да издржат минимална температура од
100°C.
• Апаратот не смее да се монтира зад декоративна
врата со цел да се избегне прегревање.
• Првиот пат кога ќе ја користите рерната може да
забележите слаба миризба. Тоа е нормално и е
предизвикано од материјалите за изолација на
елементите за греење. Ние Ви предлагаме, пред
да ја користите рерната прв пат, да ја оставите
празна и вклучена 45 минути на максимална
температура. Погрижете се просторијата во
која е монтиран производот да биде добро
проветрена.
• Внимавајте кога ја отворате вратата на рерната
за време на и по готвење. Жешката пареа од
рерната може да предизвика изгореници.
• Додека апаратот работи, не ставајте запаливи
материjали во или близу до него.
• Секогаш употребувајте ракавица за рерна за да
вадите или менувате храна во рерната.
• Под никакви околности рерната не треба да биде
обложена со алуминиумска фолија бидејќи може
да се појави прегревање.
• Не ставајте садови или тави за печење директно
на основата на рерната додека готвите. Основата
може да стане премногу жешка и може да се
појави оштетување на производот.
Не оставајте го шпоретот без надзор кога
готвите со масла во тврда или течна состојба. Тие

МК - 9
може да се запалат во услови на прегревање.
Никогаш не истурајте вода на пламен предизвикан
од масло туку исклучете го шпоретот и покријте ја
тавата со нејзиниот капак или противпожарно ќебе.
• Секогаш поставувајте ги тавите во центарот
на зоната за готвење и свртете ги рачките во
безбедна позиција за да не може да ги турнете.
• Ако не го користите производот подолго време,
исклучете го главниот контролен прекинувач.
Исклучете го вентилот за плин кога не го
користите апаратот.
• Погрижете се контролните копчиња на апаратот
да бидат секогаш на позиција „0“ (стоп) кога не го
користите апаратот.
• Кога ги извлекувате тавите од рерна, тие се
закосуваат. Внимавајте да не истурите или
испуштите жешка храна кога ја вадите од
рерната.
• Не оставајте ништо на вратата на рерната кога
е отворена. Тоа може да ја извади рерната од
рамнотежа или да ја оштети вратата.
• Не оставајте тешки или запаливи предмети (на
пр. најлон, пластични кеси, хартија, ткаенина
итн.) во фиоката. Тоа вклучува и садови за
готвење со пластични делови (на пр. рачки).
Внатрешната површина на
преградата за складирање може да се вжешти кога
апаратот е во употреба. Избегнувајте да ја
допирате внатрешната површина.
• Не закачувајте крпи, крпи за миење садови или
облека на апаратот или неговите рачки.
• Погрижете се апаратот да биде исклучен од
струја пред да извршите какво било чистење или
одржување.

МК - 10
• Не вадете ги контролните копчиња за да ја
исчистите контролната табла.
• За одржување на ефикасноста и безбедноста на
апаратот, препорачуваме секогаш да користите
оригинални резервни делови и да се јавите кај
наши овластени сервисери кога ќе има потреба.
Изјавуваме дека нашите производи ги
исполнуваат важечките европски
директиви, одлуки и регулативи, како и
барањата наведени во посочените
стандарди.
Овoj апарат е дизајниран да се користи само
за готвење во домашни услови. Секоја друга
употреба (како што е загревање на просторија) е
несоодветна и опасна.
Упатствата за ракување со апаратот се
однесуваат на неколку модели. Можеби ќе
забележите разлики помеѓу овие упатства и
вашиот модел.
This manual suits for next models
1
Table of contents
Languages:
Other Favor.it Cooker manuals


















